Македонска кошаркарска Супер лига денеска продолжува со возбудувањата од редовното 6.коло во машка конкуренција. Денешната неделна програма на љубителите на кошарката им нуди четири интересни натпревари, а дербито е во скопскиот Градски парк.

Главното внимание е насочено кон дерби пресметката во салата „Лазар Лечиќ“, каде непоразениот лидер Работнички го пречекува тимот на Кожув. Центарци играат во перфектна форма од стартот на сезоната и ќе бараат шеста победа во низа. Гевгеличани пристигнуваат по поразот во Куманово во минатото коло, но имаат амбиции да му пружат силен отпор на фаворитот. Во последните три меѓусебни пресметки во лигата, кошаркарите на Работнички запишаа триумфи против составот од Гевгелија.

Денешните возбудувања ги отвораат екипите на Струмица и Тиквеш, во директен дуел на тимови со идентичен ефект досега. Актуелниот првак МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ му „гостува“ на Скопје (поранешен Маџари) во реприза на ланското финале. Во Битола, домашниот Пелистер ќе игра против новајлијата Штип кој во претходното коло ја забележа првата победа. Оваа рунда ќе се комплетира утре (понеделник) со последниот натпревар помеѓу ТФТ Скопје и МКК Куманово.

Во пресрет на денешните дуели, Работнички е прв на табелата со максимални 10 бодови, додека МЗТ Скопје е втор со 9 бодови. МКК Куманово и Кожув ја делат третата и четвртата позиција со по 8 освоени бодови.

Сите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ИСТОВРЕМЕНО ОВДЕ 👇.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б