Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе играат во финалето на последниот Гренд слем годинава УС Опен .

Ова е епилогот по синоќешните полуфинални мечеви на турнирот во Њу Јор кај дамите.

Топ фаворитката Сабаленка во тежок меч со голем пресврт ја совлада Медисон Кејс во три сета.

Американката фуриозно го започна мечот и за само половина час со 6-0 го доби првиот сет. Домашната публика се понадева дека ќе следа се американско финале, но така не мислеше Белорусинката.

По еден час траеја следните два сета кои Сабаленка ги доби во тај-брејок со 7-1 и 10-5 на поени.

На паток кон вториот трофеј од Гренд-слем турнирите на Сабаленка повторно ќе и стои Американка.

Младата коко Гоф до своето второ финале си избори со победата над вимблдонската финалистка Каралоина Мухова од Чешка.

19-годишната Американка славеше во два сета со 6-4 и 7-5.

Финалниот меч на програмата е утревечер од 22 часот.