Машката кадетската репрезентација на Македонија и втор пат е убедливо совладана од Хрватска. Откако вчера загубија со 23 разлика (63:86), денеска црвено-жолтите се поразени со 24 разлика (91-67).

И на вториот контролен натпревар одигран во СЦ „Кале“ Хрватите беа оние кои ја контролираа играта и резултатот. Првата четвртина гостите ја добија со девет разлика (21-11), а во втората додадоа плус еден (37-27).

Второто полувреме Хрватска го отвори со серија од 16 поени, со која стигна до највисоката предност (55:30). Се понатаму беше само рутина за гостите кои потврдија дека се далеку подобра селекција од нашата.

Интересно е да се спомене дека Хрватска нема да игра на Европскиот шампионат за играчи до 16 години во Скопје.

Имено „коцкестите“ не се дел од елитната „А“ дивизија во која играат 16-те „најдобри“. Ние како домаќини ќе ја имаме привилегијата да бидеме дел од овој собир.

Стартот на шампионатот за кошаркари до 16 години во Скопје е на 4 август.

Македонските кадети ќе играат во „Б“ во која за противници ќе ги имаат врсниците од Франција, Литванија и Белгија.

Сите актуелности од овој шампионат може да ги следите овде.