Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси синоќа на спектакуларен начин дебитираше за Интер Мајами.

На стартот од КОНКАКАФ Лига Купот на КОНКАКАФ, Интер се сретна со Круз Азул, а Меси на спектакуларен начин му донесе победа на својот тим. Тимот од Флорида славеше со 2:1 со голот на Меси од слободен удар постигнат во 94-тата минута. 

Меси не беше во стартниот состав со оглед на тоа што одработи само еден тренинг со тимот, но како и Серхио Бускек влезе во игра во 54.минута. Сепак, и толку „неподготвен“ Аргентинецот успеа да изведе мајсторија, онаа која сме навикнати од него сите овие години.

Во 94-тата минута, при резултат 1:1, на ефектен начин од слободен удар му донесе победа на својот тим и големо славје од навивачите.

Со тоа Интер ја прекина серијата од шест последователни натпревари без победа.