Македонскиот шампион Вардар со победа го полна 54-тото издание на ракометниот турнир во Струга.

Вардарци во воведниот меч на годинашниот турнир го совлада убедливо составот на Прилеп со 39-54.

Имаше Вардар контрола во текот на целиот натпревар и рамномерно ги распоредија головите. Првото полувреме заврши со +5 (18:13), а на крајот на мечот +10 (39-29).

Најефикасен во победничката екипа беше Виктор Јанковски со седум, а шест гола постигнаа Леон Љевар. По пет гола додадоа Метео Фадиул и Урош Митровиќ. Голманите на Вардар, завршија со вкупно 23 одбрани од кои Гогов имаше 12, а Валах 11 одбрани. Кај тимот на Прилеп најефикасен Андреј Стојановски со седум голови.

Ова беше натпревар од Б групата во која е и скопски Бутел.

Вечерва, по свеченото отворање ќе се игра и првиот меч од А групата, меѓу домаќинот Струга и локалниот езерски ривал Охрид. Во оваа конкуренција ќе биде и единствената странска екипа, српската Дубочица.

ФОТО: Фејсбук Меѓународен ракометен турнир Струга
Денис Дуковски