Македонската репрезентативна голманка Андреа Илиќ во новата сезона ќе има прв интернационален предизвик во кариерата. Илиќ ја напушта Македонија и се сели во Чешка, каде што ќе го брани голот на Плзен.
Плзен е дел од регионалната МОЛ лига, натпреварување во кое покрај чешките настапуваат и најдобрите словачки екипи. Во последната сезона тимот го заврши првенството на десеттото место.
За Илиќ ова претставува ново поглавје во кариерата и прв ангажман надвор од Македонија. 25-годишната голманка потекнува од Металург, а во изминатите години беше дел од Вардар, каде што се наметна како една од најдобрите голманки во македонскиот женски ракомет.
По долгогодишниот настап во македонскиот шампионат, Илиќ сега ќе има можност да стекне ново искуство и да се докаже на меѓународната сцена. Плзен ќе биде нејзината прва европска станица надвор од Македонија.
Ивона Кимовска


































