Фудбалерите на Тиквеш ја оправдаа фаворитската улога во 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани пред својата публика, го совладаа последно пласираниот тим на Скопје со минимални со 1–0.

По корнерот од десната страна, најдобро во гостинскиот шеснаесетник се снајде Ренатињо кој го постигна единствениот погодок на натпреварот во 26-та минута. Во второто полувреме Скопје се обиде да стигне до израмнување, но одбраната на домаќините остана стабилна и не дозволи изненадување. До крајот на мечот немаше промена на резултатот па кавадарчани ја впишаа шестата првенствена победа.

Со новите бодови Тиквеш сега има вкупно 24 и цврсто ја задржува третата позиција, сериозно загрозувајќи ги водечките екипи.

Предводници на шампионатот во моментов се Шкендија со 27 и Струга Трим Лум со 26 бодови. Токму овие две водечки екипи утре (сабота) во Струга ќе го одиграат големото меѓусебно дерби. Во второто утрешно дерби четвртото пласираниот Вардар (21 бод) гостува кај Силекс (17) кој е петти на табелата. Овие директни дуели може се од огромна важност во трката за титулата.