Македонската ракометна репрезентација со победа ги почнаа натпреварите од групата во квалификациите за Европското првенство 2028. Во Скопје вечерва беше совладана селекцијата на Луксембург со 41:23. Македонските ракометари на рој начин ја потврдија фаворитската улога.
Победата беше најавена со одличниот почеток на македонската репрезентација и водството од 9:1, а набрзо Македонија имаше и двоцифрена разлика 13:3, а на полувреме беше 20:10. Во вториот дел македонските ракометари ја зголемија предноста за кончени – 41:23.
Најефикасен во македонскиот состав беше Никола Костески со 6 голови, додека на натпреварот Винсент Краслермајер постигна 8 голови. Дебитантсни настап во дресот на Македонија имаше Дмитро Горига, кој беше стрелец на три голови.
Утре се игра вториот дуелот од групата Шведска е домаќин на Грција, додека македонските ракометари во недела во Халкида и гостуваат на Грција.

































