Само два натпреварои ноќеска се играа во НБА лигата, а нив ги одбележаа Стеф Кари и Дејвид Букер. Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и на Феникс Санс забележаа убедливи триумфи на домашен терен.
имот од Сан Франциско славеше над Мајами Хит со 120-100, запишувајќи ја шестата победа во низа по почетните три порази.
Прво име во победничкиот табор беше Стеф Кари со 29 поени, додека Јаксел Лендеборг додаде 17 поени. Голем придонес имаше и Дрејмонд Грин со рекордни сезонава 11 асистенции. Клучниот момент на дуелот се случи во третата четвртина. „Воините“ направија серија од 26-9 и го скршија отпорот на гостите. Кај Мајами најефикасен беше Дејвион Мичел со 22 поени и осум асистенции. Јанис Анетокумбо оствари дабл-дабл од 20 поени и 14 скока, додека Бем Адебајо мечот го заврши со 18 поени и 10 скока.
На вториот натпревар во Аризона, екипата на Феникс Санс стави крај на серијата од четири порази, совладувајќи го Орландо Меџик со 117-104.
Девин Букер го предводеше својот тим со 30 постигнати поени, а одлична поддршка имаше од Дилон Брукс, кој реализираше 24 поени.
Тимот на Феникс ја презеде целосната контрола во третиот период. Тандемот Букер и Брукс реализира седум тријки. Во последната четвртина, по тројката на Колин Гилеспи, предноста на домаќините достигна и максимални 30 поени разлика за мирен финиш. За кошаркарите на Орландо Меџик ова беше трет последователен пораз во најсилното кошаркарско првенство на светот.



































