Кавадаречки Тиквеш ја впиша и втората првенствена победа, во новата сезона во Првата лига.

Откако воведното коло го совладаа составот на Аресими со 6:0, попладнево Тиквеш го „торпедира“ и Башкими со 5:0.

На дуелот одигран во Куманово, гостинскиот тим победата е најави уште во првото полувреме кога создаде два гола предност. Стрелец на првиот беше Нигериецот, Виздом во 36-тата, а неговиот сонародник Лавал во 42.минута зголемена 2:0.

Истиот фудбалер се запиша во листата на стрелците и во второто полувреме (72). Стрелец на четвртиот гол за Тиквеш беше Попзлатанов во 80-тата минута. И тука не беше крајот на „голеадата“ на кавадарчани, бидејќи и Ацковски во 88.минута ги постави конечни 5:0 за Тиквеш.

Покрај овој натпревар денеска ќе се игра уште еден и тоа во Штип. Во терминот од 19 часот Брегалница ќе го пречека составот на Аресими.

Последните два натпревари од оваа рунда на програмата се утре. Дербито е во Скопје, каде Вардар ја пречекува тетовска Шкендија.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање