Со натпреварите одиграни во Њу Џери и Филаделфија комплетирано е последното 3.коло од Л групата на фудбалскиот Мундијал.
Селекциите на Англија, Хрватска и Гана обезбедија пласман во првата фаза од разигрувањето, односно 1/16-финалето.
Натпреварот што директно решаваше за 2.,место на табелата, го добија Хрватите кои со 2-1 ја победија Гана.
Со голот на Сучиќ во 39.минута, Хрватите го завршија првиот дел со водство (1-0). Во вториот дел уште по еден гол на двете страни. Гана израмни (1-1) преку Чукасон во 73-тата минута/. Сепак радоста на африканската селекција и нејзините бројни навивачи не траеше долго. Веќе во 83.минута Влашиќ ја врати предноста на „коцкестите“ поставувајќи ги конечните 2-1 за Хрватска.
Така Хрватска заврши како второ рангирана, а Гана како трета, но и двете селекции продолжуваат понатаму.
Пред овие две селекции на првата позиција заврши Англија, која иако победи, сепак се мачеше во дуелот со Панама. Англичаните кои во првото коло на Хрватите им дадоа четири гола, во дуелите што следуваа потфрлија, По нерешените 0-0 со Гана, вечерва Англичаните со 2-0 славеа над Панама. Стрелци на головите и тоа во вториот дел беа Џуд Белингам (62.минута) и Хари Кејн (67)
Трите репрезентации сепак ќе мора да ги почекаат натпреварите од останатите две групи, за да ги дознаат своите противници цо 1/16-финалето.

| 📅 | ⏰ | 👑 Л група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
































