Европскиот првак Шпанија е првиот национален тим што обезбеди пласман во финалето на Светското фудбалско првенство, во САД, Канада и Мексико.

Во првиот полуфинален натпревар, одигран во Далас, Шпанија го совлада светскиот вице-првак Франција со 2-0.

„Триколорите„ не наликуваа на себеси во првиот дел во кој упатија само два удари кон противничкиот гол, но ниту еден во рамките. Шпанија си ја играше својата игра со поголем посед на топката и контрола на средината на теренот и во одбраната.

Во 19-тата минута, невнимателност на Лука Дињ во шеснаесетникот на Франција и прекршокот над Јамал, го принуди судијата Иван Бартон, да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот за Шпанија беше Микел Ојарзабал за 1-0 за „црвената фурија“.

И во вториот дел, потполно иста слика на теренот.

Франција „обезглавена“, Шпанија конкретна и со јасна цел. Тоа донесе и нов гол во мрежата на Французите, кога во 58.минута кога двојно додавање со Олмо, Педро Поро зголеми на 2-0. Иако две минути подоцна уште еднаш топката заврши во мрежата на „триколорите“ сепак голот на Јамал беше поништен поради офсајд.

За Шпанија тоа ќе биде второ финале, откако во 2010 година, во Јужна Африка, во прво стигна и до единствената шампионска титула досега.

Кој ќе биде противник на Шпанија во финалето во Њу Џерси закажано за 19 јули, ќе видиме утревечер. Актуелниот светски шампион Аргентина која за противник во полуфиналето ќе ја има Англија.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)