Репрезентацијата на Шпанија е Светски фудбалски шампион. Во финалето на Мундијалот, одиграно на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси европскиот првак Шпанија го совлада бранителот на трофејот од пред четири години Аргентина со 1-0.
Шпанија доминираше во играта во текот на целиот натпревар, Аргентина речиси и да не го загрози ниту еднаш голот на „црвената-фурија“.
Првата шанса на натпреварот ја имаа Шпанците кога во петата минута од десната страна се обиде Јамал, но аргентинскиот голман Мартинез беше внимателен. Во 38.минута од 20-тина метри се обиде и Ојарзабал, но тоа беше лесен „плен“ за Мартинез. Сепак по првото полувреме нема голови во финалето.
И на стартот на второто полувреме иста слика на теренот. Уште еден во низата обиди на „црвената фурија“ беше оној на Дани Олмо во 65.минута, но Мартинез иако не беше многу сигурен, исфрли во корнер. Се обидоа, Кубарси и Лапорт, но Емилијано Мартинез беше не совладлив.
Маката на Аргентина дополнително ја зголеми Енцо Фернандез кој во судиското дополнение заработи втор жолт, а автоматски црвен каротон, па Аргентина а остана со човек помалку. И последниот обид на Јамал од слободен удар, не успеа да го изненади Емилијано Маринез. Следуваат продолженија 2х15 минути.
А, во нив клучниот момент се случи на стариот ма второто продолжение. По акцијата од десната страна и повратната топка на Ником ВИлијамс, со прекрасен волеј удар Феран Торес конечно ја затресе мрежата на Мартинез за водство и победа на Шпанија со 1-0.
За Шпанија ова беше второ финале, а како и во првото 2010 година, во Јужна Африка, „црвената фурија“ ја освои шампионска титула.

Аргентина остана на три шампионски титули по своето седмо финале, и не успеа да им се приклучи на Италија и Бразил кои два пати во низа станале Светски шампион.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|

























