Фудбалерите на Англија и Франција го одиграа најспектакуларниот натпревар не само на актуелното туку и многу наназад Мундијали.
Во претпоследниот меч на шампионат, оној за третото место, Англија ја победи Франција со 6-4.
Англискиот селектор Тухел, реши на клупата да ги остави двајцата најдобри голгетери. Сепак Англичаните уште во првиот дел постанаа четири гола. Веќе во 3.минутиа Рај го отвори резултатот, а во 18-тата Конса зголеми на 2-0.
Бакајо Сака постигна два гола во првиот дел, а натпреварот го заврши сои хет-три. Со тоа стана само четвртиот Англичанец кој постигнал три гола на едно Светско првенство, по Џеф Херст (1966), Гари Линекер (1986) и Хари Кејн (2018).
Во второто полувреме Французите се разбудија, па два гола постигна Килијан Мбапе. Тој стигна до 10 гола на ова првенство, израмнувајќи го рекордот на Герд Милер од 1970 година.
Во листата на стрелци за Триколорите се запишаа Баркола и Дембеле, а кај Англија, Белингам кој воедно беше стрелец на последниот гол на натпреварот.
Англија на тој начин го освои својот прв медал на Светското првенство по 60 години, додека Франција остана без утеха во последниот натпревар на Дидие Дешамп како селектор.



































