Фудбалското Светско првенство во САД, Канада и Мексико дојде до највозбудливата фаза. Останаа само уште четири селекции кои ќе се борат за трофејот и распределбата на медалите.

Супер компјутерот на „Opta“, не погреши во своите симулации и прогнози околу четирите репрезентации кои ќе останат во завршницата. Така, финалистите од последното светско првенство (2022), шампионот Аргентина, вице-првакот Франција, европскиот шампион Шпанија и селекцијата на Англија се тимовите кои остана во игра.

Но, сега предвидувањата имаат и промена, за разлика од оние пред почетокот на првенството.

Тогаш најголеми шанси за титулата и се даваа на Шпанија, а потоа следуваа Франција, Англија и Аргентина.

Сега единствената промена но процентуално многу поголема е на страната на „Триколорите“. Предвидувањата се дека Франција има 34.05% шанси да го освои трофејот. Шпанија која ќе биде полуфинален противник на Франција е со шанси од 23.45%.

Англија и Аргентина го сочинуваат вториот полуфинален пар. Како и пред стартот на првенството, така и сега Англичаните се со блага предност во однос на Аргентинците. Шансите за да стигнат до пехарот на „Гордиот Албион“ се потценети на 21.94%, а на Аргентина да ја одбрани титулата на 20.55%.

Дали и овојат супер компјутерот и прогнозата на „Opta“, ќе биде прецизна останува да видиме прво низ полуфиналните дуели закажани за 14 и 15 јули.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)