На стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, се игра големото финале на Светското фудбалско првенство.

За шампионскиот трофеј се борат актуелниот шампион Аргентина и европскиот првак Шпанија.

Првата шанса на натпреварот ја имаа Шпанците кога во петата минута од десната страна се обиде Јамал, но аргентинскиот голман Мартинез беше внимателен.

На половина од првото полувреме, Аргентина без конкретна закана ко голот на Шпанците кои ја играат својата игра и имаат поголем посед на топката.

Во 38.минута од 20-тина метри се обиде и Ојарзабал, но тоа беше лесен „плен“ за Мартинез.

Сепак по првото полувреме нема голови во финалето.

И на стартот на второто полувреме иста слика на теренот. Шпанците се оние кои постојано креираат, а светските шампиони, Аргентинците се бранат.

Уште еден во низата обиди на „црвената фурија“ беше оној на Дани Олмо во 65.минута, но Мартинез иако не беше многу сигурен, исхрли во корнер.

Во продолжение од далечина се обидоа, Кубарси, а потоа и Лапорт, но Емилијано Мартинез беше не совладлив.

Маката на Аргентина дополнително ја зголеми Енцо Фернандез кој во судиското дополнение заработи втор жолт, а автоматски црвен картон, па Аргентина а остана со човек помалку.

И последниот обид на Јамал од слободен удар, не успеа да го изненади Емилијано Маринез. Следуваат продолженија 2х15 минути.

Следуваат продолженија 2х15 минути.

А, во нив клучниот момент се случи на стариот ма второто продолжение. По акцијата од десната страна и повратната топка на Ником ВИлијамс, со прекрасен волеј удар Феран Торес конечно ја затресе мрежата на Мартинез за водство и победа на Шпанија со 1-0.