Најголемата американска сцена е подготвена за спектакл кој секако ќе испише нова страна во историја на „најважната споредна работа на светот“ фудбалот.
Вечерва ќе се игра 104-триот последен натпревар на фудбалскиот Мундијал. Во Њу Џерси, за трофејот ќе се борат, бранителот на титулата од пред четири години Аргентина и актуелниот европски првак Шпанија.
Тоа ќе биде судир на два различни стила, две фудбалски филозофии и две генерации.
Шпанија го темели својот фудбал на целосно поседување на топката. Нивната кратка игра со голем број на додавања, постојано движење и агресивен пресинг, ги исцрпуваат противниците ментално и физички. Срцето на тимот е Родри, кој ја насочува играта и претставува непремостлива пречка пред одбраната.
Аргентина, од друга страна, е тим кој ги краси борбеност и инспирација која ја носи Лионел Меси. 12 од нивните 19 гола се постигнати по 75-тата минута. Тоа е доказ за нивната способност да го скршат отпорот на противникот во последните моменти.

Аргентина која има три шампионски титули ќе го игра своето седмо финале, а второ последователно.
Аргентинците пред четири години во Катар ја освоија титулата, а сега ќе се обидат да ги повтори успесите на Италија и Бразил. Со тоа Аргентина би станала само третата земја која два пати во низа станала Светски шампион.
Тоа прво им успеа на Азурите кои на вториот и третиот Мундијал, во 1934 (Италија) и 1938 (Франција) го освоија шампионскиот трофеј. Покрај нив, две титули во низа има освоени и Бразил 1958 во Шведска и четири години подоцна (1962) во тогашна Чехословачка.
Сега Аргентинците, 64 години, подоцна од лутиот ривал Бразил, имаат можност да ја одбранат титулата.
За Шпанија тоа ќе биде второ финале. Во првото 2010 година, во Јужна Африка, „црвената фурија“ ја освои е единствената досега шампионска титула во својата историја.
Кој ќе се радува на шампионскиот трофеј ќе видиме по натпреварот што ќе почне од 21 часот.
































