Шпанската фудбалска репрезентација целосно доминираше на Мундијалот. Шампионскот трофеј е само еден од неколкуте кои шпанските фудбалери ги освоија. На свечената церемонија за доделување на индивидуалните награди на Светското првенство доминираа фудбалерите на „црвената-фурија“.
Главната награда за најдобар фудбалер на Мундијалот заслужено замина во рацете на шпанскиот играч од средниот ред Родри.
Неговиот соиграч Пау Кубарси беше официјално прогласен за најдобар млад фудбалер на овој планетарен шампионат.
Унаи Симон ја понесе наградата за најдобар голман, откако прими само еден гол во текот на целиот турнир.
Престижната Златна копачка за најдобар стрелец на Светското првенство ја освои францускиот напаѓач Килијан Мбапе.





































