Македонската олимпијка во таеквондо Милијана Рељиќ ја оствари првата победа на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Милјана која е еден од нашите фаворити за медал настапи во категоријата -57 ккилограми. Таа во осминафиналето ја победи домашната натпреварувачка, Италијанката, Џовани Паоло со 2:0. Следната (четвртфинална) борба на Рељиќ е попладнево во 15.45 часот.

На таекводно борилиштата, настап ќе има и Христијан Симоновски во категоријата до -68 килограми. И тој за противник ќе има домашен претставник. Италијанецот, Денис БАРЕТА. Борбата е закажана во 12.15 часот.
Во боксерскиот рунг ќе се појави Ален РУСТЕМОВСКИ кој во категоријата -60 кг. во осминафиналето за противник ќе го има Михајло Декиќ.
Во утринската програма, настапи имаа тројца македонски пливачи, Сара Јанковиќ, Огнен Славковски и Јован Јанковски кои завршија далеку зад својата конкуренција во квалификациските групи.
Во колективните спортови. Во тек е ракометниот натпревар во женска конкуренција, меѓу Македонија и Грција. Вечерва 21 часот, за прв пак ќе настапи у фудбалската селекција до 21 година. Младите македонски фудбалери во рамките од 1.коло на А групата ќе играат против Тунис.
































