Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа откако го победи Гумерсбах со 29:28. Битолчани во вториот дел прв пат поведоа во 58.минута – 28:27, откако претходно Никола Митревски одбрани, а Мартин Серафимов реализираше седмерец. Гумерсбах не го реализираше следниот напад и во последната мунута Нтанзи погоди за +2 (29:27). Бундеслигашот промаши на празен гол, а Кузмановски не реализраше за три разлика. Вујовиќ од седмерец намали на 29:28.

Првиот дел беше изедначен,  а битолчани имаа предност од 4:3 и потоа следуваше серија од 4-0 за германската екипа и водство од 7:4 за Гумерсбах. Бундеслигашот потоа ја зголеми предноста на 13:8 и 14:9 што беше резултат и на крајот од првиот дел.

На стартот од второто полувреме преводени од голманот Никола Митревски, кој имаше неколку одбрани Е.Пелистер ја „стопи“ предноста на Гумерсбах и успеа да изедначи на 16:16. Домашниот тим не успеваше да се одбрани, па гостите постојано беа во предност. Во овој период во нападот се истакна репрезентативниот пикер Самоил Ристевски.

Нерешениот резултат беше на семафорот дури – 15 пати. Најефикасен кај Е.Пелистер беше Филип Кузмановски со 7 голови, а на натпреварот Милош Вујовиќ со 8.

На вториот дуел од групата Ла Риоха – Вибжеже 34:35. па полскиот тим сега е прв во групата со 6 бодови, пред Гумерсбах со 4, а Ла Риоха и Е.Пелистер имаат по 3 бодови.

Следниот натпревар Е.Пелистер игра на домашен терен со Вибжеже на 24.ноември.