Новата кошаркарска сезона во мак-баскетот вообичаено стартува на почетикот на октомври месец. Сепак, екипите кои ќе имаат и меѓународни обврски веќе ги почнаа подготовките.

Станува збор за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и тимот на ТФТ.

Тимот на МЗТ Скопје во сезоната што следува ќе настапува на четири „фронта“. Покрај домашните натпреварувања првенството и Купот, сино-белите ќе играта и во ФИБА Еврокупот и АБА2 лигата.

И составот на ТФТ, предводен од Боро Смилковски, го чека натпревари во АБА2 лигата во која лани стигна до финалето. Разбирливо екипата од скопската населба Тафталиџе повторно е со амбиции за освојување на трофеј во мак-баскет натпреварувањата.