Ноќеска во НБА лигата на програмата беа осум натпревари. Бадијала остана даб-дабл учинокот на Јокиќ кога Денвер загуби од Феникс. Изненадување направи и Орландо кој го совлада Бостон.
Кошаркарите на Феникс Санс славеа со 117-105 на гостувањето кај Денвер Нагетс, запишувајќи ја првата гостинска победа сезонава.
Клучната разлика беше направена во третата четвртина. Гоостите се одлепија и изградија предност што домаќините не успеаја да ја достигнат. Девин Букер го предводеше победничкиот тим со 20 поени, а дури седум кошаркари на Феникс имаа двоцифрен учинок.
На Денвер не помогна ниту одличната партија на Никола Јокиќ, кој натпреварот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 15 скока. Ист број поени постигна и Џамал Мареј, но седумнаесетте загубени топки скапо го чинеа домашниот состав.
Големо изненадување приреди и тимот на Орландо Меџик, кој триумфираше со 115-105 на жешкиот терен кај фаворитот Бостон Селтикс.
Гостите од Флорида одиграа неверојатна последна четвртина која ја добија со убедливи 40-28 и целосно го свртеа резултатот во своја корист. Дезмонд Бејн беше прво име во победничкиот табор со 24 поени, осум скока и пет асистенции. Одличен процент на реализација од педесет отсто од игра му донесе на Орландо шеста сезонска победа и пробив кон плејоф-зоната. Во редовите на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 24 поени и 12 скока, но со слаб шут од поле. Пол Џорџ додаде 22 поена со пет погодени тројки, но не недоволно за Селтикс да го избегнат третиот пораз сезонава.
Резултати:
БОСТОН – ОРЛАНДО 105-115
КЛИВЛЕНД – ЧИКАГО 126-115
ВАШИНГТОН – МЕМФИС 120-136
БРУКЛИН – ФИЛАДЕЛФИЈА 123-135
МАЈАМИ – ХЈУСТОН 128-110
МИНЕСОТА – ПОРТЛАНД 106-98
ЊУ ОРЛЕАНС – ГОЛДЕН СТЕЈТ 115-94
ДЕНВЕР – ФЕНИКС 105-117




































