Македонската кадетска репрезентација има претрпе четири пораз на второлигашкото Европското првенство за кошаркари до 16 години. 

По вчерашниот од Ирска (58:83), селекторот Дејан Стојановски беше исклучително критичен. Тој ги посочи пристапот, изгубените топки, скокот и недостатокот на тимска игра како клучни причини за ваквото издание.

„Срамота е тоа што го покажавме во второто полувреме! Почнавме повторно со „мавање“ на резултатот, а не бевме подготвени да се бориме за скокови. Така не можеме никаде да победиме!

Повторно имавме изгубени топки во лоши моменти, а речиси секоја загубена топка ја казнувавме со примен кош. 
Не ја делевме топката и не игравме како тим. Со ваков пристап е срамота да се игра за репрезентација.

Ова беше нашето најлошо полувреме на првенството.

Мора веднаш, уште за утре, да го смениме лицето! Да покажеме борба и секој да го остави срцето на теренот. Нема да се предаваме. Сакаме ова првенство да го завршиме со вистинското лице на оваа репрезентација.“- изјави Стојановски.

За македонските кадети денеска следува дуелот со Унгарија за пласман од 13 до 16 место. 

Тој натпревар ќе се игра во „Т арена“ со почеток од 16 часот, за може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Следете нé на социјалните мрежи