Со денешниот натпревар меѓу Арсими и Башкими, што ќе се игра во Гостивар, ќе биде отворено 3.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ова ќе биде натпревар на двете екипи кои досега примија најмногу голови; немаат освоено бод и се меѓу главните претенденти за испаѓање.

Во оваа рунда најголемо внимание ќе привлече дербито меѓу Струга Трим Лум и Вардар што ќе се игра во недела. Актуелниот шампион Вардар во него ќе влезе по поразот од Шкендија и без главен тренер, откако Аргентинецот, Фабијани доби отказ.

Истиот ден но во доцниот попладневен терми, вицепрвакот Шкендија која вчера го заврши настапот на европската сцена, ќе игра против штипска Брегалница.

Интересно се очекува да биде и на останатите два натпревари. Во Кратово, Силекс кој загуби бодови од арачновска Шкендија ќе игра со Скопје кој пак и „откина“ два бода на Струга ТЛ. Арачиновци во ова коло ќе гостуваат во Кавадарци, кај најефикасната и првопласирана екипа на табелата Тиквеш.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање