Како загревање за последниот Гренд слем во годината, УС Опен, во Северна Америка се играат неколку турнири.
На оној во Торонто, Канада каде настапуваат дамите, познат е првиот полуфинален пар. Поранешната светска тенисерка број 1, Игра Швонтек и Украинката Елина Свитолина ја сочинуваат првата двојка.
Полската тенисерка Швјонтек во четвртфиналето експресно за 63.минути во два сета ја совлада Дијана Шнајдер. Таа на противничката и препушти два гема во првиот (6:2) и само еден гем во вториот сет (6:1). За Швјонтек ова е прво полуфинале во тековната сезона.
Нејзината противничка Елина Свитолина одигра многу потежок меч, против Русинката, Екатерина Александрова, а траеше час и 34 минути. Русинката го доби првиот сет со 3:6, но Свитолина ги доби следните два со 6:0 и 6:3.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат подобрите од вечерашните дуели во кои ќе играат Елена Рибакина и Наоми Осака, односно Коко Гоф и Белинда Бенчиќ.




































