Новак Ѓоковиќ е последниот, четврти патник во во полуфиналето на Гренд-слемот Вимблдон.

По исцрпувачки маратонски меч што траеше 5 часа и 15 минути, Ѓоковиќ го совлада Канаѓанецот, Феликс Оже-Алијасиме со 3:2 во сетови. Тоа е најдолгиот меч во оваа фаза (четвртфиналето) на турнирот во Лондон.

Првиот сет донесе огромна драма на Централниот терен и траеше дури 81 минута. Ѓоковиќ покажа челични нерви во тај-брејкот и го доби на поени со 12:10.

Канаѓанецот возврати со сигурен сервис во вториот сет и брзо го израмни резултатот на 1:1, добивајќи го сетот со 3:6. Новак возврати со ист резултат во третиот сет (6-3) и поведе со 2:1. Оже-Алијасиме не се предаваше и успеа да го одведе мечот во одлучувачки петти сет, откако Канаѓанецот го доби четвртиот сет во тај-брејк со 4-7 на поени.

И во решавачките пети сет се играше тај-брејк, во кој Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка, за негово 15-ѕо полуфинале на лондонската трева.

Во борбата за ново финале, Новак ќе ги одмери силите против бранителот на шампионскиот трофеј и светски рекет број 1 Италијанецот, Јаник Синер.