младата машка ракометна репрезентација на Македонија до 20 години, денеска ќе го одигра вториот натпревар на Европскиот шампионат што се одржува во Романија.

По вчерашниот пораз од Норвешка (31-36), избраниците на селекторот Игор Илиевски попладнево ги чекан нов тежок предизвик.

Тоа е дуелот со квалитетната репрезентација на Хрватска. И Хрватите во првиот меч загубија со седум разлика од репрезентацијата на Данска. Јасно е дека ова ќе биде дуел на репрезентациите кој ќе се борат за третото место бидејќи скандинавските секако се фаворити.

Денешниот дуел меѓу Македонија и хрватски ќе почне во терминот 13 30 часот.