Сите три земји организатори на Светското првенство, продолжуваат во осминафиналето. Ова откако Американците ноќеска ги победија Босанците и им се приклучија на Канаѓаните и Мексиканците во ТОП-16.
На дуелот одигран во Санта Клара, селекцијата на САД славеше победа над БиХ со 2-0.
Во финишот на првото полувреме (45.минута) Фоларин Балогун им донесе водство на САД.
Истиот фудбалер во 64.минута заработи црвен картон. Сепак Босанците не успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе. Напротив, домашната селекција во финишот (82.минута) преку Малик Тилман само ја потврди победата со конелни 2-0.
Така САД се избори за осминафинале во кое во Сиетл на 7 јули ќе игра против Белгија.


































