Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска, точно на пладне ќе го игра, својот прв меч во главната фаза на Гренд-слем турнир Вимблдон

Лина ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка.

Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи.

Анисимова во рамки на подготовките на Вимблдон одигра само два меча. На Квинс турнирот загуби во четвртфиналето и за само пет дена се врати дома во САД.

Мечот меѓу Ѓорческа и Анисимова е прв на теренот број 2 и почетокот е во 12 часот по македонско време.