Мароко се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по изведувањето на пенали. По 120 минути игра, резултатот беше 1-1, a Мароканците победија со 3-2 по изведувањето на пенали.

Головите беа постигнати во второто полувреме, иако во првото двете селекции имаа шанси да го отворат резутатот.

Холанѓаните беа првите што постигнаа гол. Во 72-та минута, Коди Гакпо со прецизен удар од работ на шеснаесетникот донесе водство на „оренге“.

Кога се чинеше дека Холандија ќе слави минимална победа во судиското дополнение дојде израмнувањето.

По одличното уфрлање во шеснаесетникот на Холандија, Иса Диоп, скокна највисоко и со глава ја забо топката во мрежата на противникот.

Во текот на дополнителните триесет минути, двата тима имаа шанси за победа, но резултатот остана 1:1.

Пенал-рулетот се претвори во вистинска драма. Холанѓаните имаа големи проблеми со реализацијата. Клајверт, Тимбер и Сомервил промашија, а Мароко имаше и еден неискористен пенал на Ел Аинуи, додека Хакими ја погоди стативата.

Решавачкиот момент се случи во финалната серија кога Исмаил Саибари му донесе победа на Мароко и пласман во следната рунда. Мароко за противник во осминафиналето ќе го има ко-домашинот на првенството Канада.

📊 Мундијалско разигрување (СП 2026)

👉 Лизнете лево-десно за да ги видите сите натпревари
1/16 Финале
ГЕРМАНИЈА
ПАРАГВАЈ
ФРАНЦИЈА
ШВЕДСКА
ЈУЖНА АФРИКА
КАНАДА
ХОЛАНДИЈА
МАРОКО
ПОРТУГАЛИЈА
ХРВАТСКА
ШПАНИЈА
АВСТРАЛИЈА
САД
БИХ
БЕЛГИЈА
СЕНЕГАЛ
1/8 Финале
______
______
______
______
______
______
______
______
1/4 Финале
______
______
______
______
Полуфинале
______
______
Финале
______
______
Полуфинале
______
______
1/16 Финале
БРАЗИЛ
ЈАПОНИЈА
БРЕГ СЛ. КОСКА
НОРВЕШКА
МЕКСИКО
ЕКВАДОР (3Ц/Е)
АНГЛИЈА
КОНГО
АРГЕНТИНА
ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
ЕГИПЕТ
______
ШВАЈЦАРИЈА
АЛЖИР
КОЛУМБИЈА
ГАНА
1/8 Финале
______
______
______
______
______
______
______
______
1/4 Финале
______
______
______
______
⚙️ СпортПлус Менаџер

⚙️ Внесување резултати