Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја чека настап на вториот годинашен Гренд слем турнир, Роланд Гарос.

Лина ќе почне во квалификацискиот дел на турнирот во Париз, а во првата рунда ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија.

Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата. Холанѓанката e рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир. Нашата тенисерка турнирот го почнува од 191.место на ВТА листата.

Мечот е закажан за утре со почеток во 10 часот.

Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС турнир Австралија опен.

Следете нé на социјалните мрежи