Богата беше синоќешната програма во НБА лигата која понуди дури дванаесет натпревари.

Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј се загреваа за „Ол-стар“ настапот. Тие беа творци на победата на Денвер Нагетс во дуелот против Мемфис Гризлис со 122-116.

Јокиќ го оствари својот 184-от трипл-дабл во кариерата со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Мареј заврши со 22, а Тим Хардавеј Џуниор додаде 21 поен за Нагетсите.

Од останатите натпревари ја издвојуваме победата на Лос Анџелес Клиперс со 105-102 на гостувањето кај Хјустон.

Каваи Ленард постигна 27 поени, вклучувајќи ја тројката на две секунди пред крајот кој им донесе победа на Клиперси. Леонард, кој имаше и 12 скока, постигна 19 поени во четвртата четвртина, со што ја продолжи својата серија од најмалку 20 поени по натпревар која сега изнесува 33 натпревари.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:

Шарлот – Атланта 110:107
Кливленд – Вашингтон 138:113
Орландо – Милвоки 108:116
Бостон – Чикаго 124:105
Бруклин – Индијана 110:115
Филаделфија – Њујорк 89:138
Торонто – Детроит 95:113
Хјустон – ЛА Клиперс 102:105
Минесота – Портланд 133:109
Њу Орлеанс – Мајами 111:123
Денвер – Мемфис 122:116
Феникс – Оклахома 109:136
Јута – Саркаменто 121:93
Голден Стејт – Сан Антонио 113:126