Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер уште од сега размислува за следната сезона. Она што изминатиот период се „шушкаше“ по ракометните кулоари, се оствари.
Битолчани го ангажира македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов. Тој се обврза на две години верност со Еурофарм Пелистер.
Ова премалку го потврдија од зелено-белиот табор, потенцирајќи:
Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи.
Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим.
Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.
Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде претставен во јули, пред стартот на летните подготовки.
26-годишниот Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург.




































