Попладнево во Битола ќе се игра последниот натпревар од 4.коло во плеј-оф конкуренцијата на машката ракометна супер лига.
Во салата „Боро Чурлевски“, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е домаќин на Охрид.
Овој дуел беше одложен поради настапот на охриѓани во ЕХФ Европскиот куп, во кој изборија пласман во полуфиналето. Токму поради тој меч со Олимпијакос, минатиот четврток, охриѓани дербито со Вардар во Скопје го одиграат практично со вториот тим и без првиот тренер Ројевиќ.
Но денеска не би требало да биде така, бидејќи полуфиналниот дуел со Целје е дури на 25 април.
Инаку тоа на второ и четврто пласираните екипи на табелата на која лидер е Вардар. Скопјани имаат осум бодови повеќе од пелистерци, а десет од Охрид и Алкалоид кој е трет.
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Охрид што ќе почне од 18 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ👇👇👇


































