Двајца од претендентите за признанието МВП во регуларниот дел од сезоната Никола Јокиќ и Виктор Вембањама, ноќеска имаа „двобој“.
Тие со нивните екипи Денвер и Сан Антонио одиграа фантастичен натпревар кој Нагетс го добија по продолжение со 136-114.
Очекувано Јокиќ и Вембањама ја водеа главната битка. Србинот, Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл со 40 поени и 13 асистенции, на кои додаде осум скока,
Вембањама заврши со 34 поени, 18 скока, седум асистенции и пет блокади. Спарс загубија само трет пат во последните 30 натпревари. Сан Антонио сега има две победи помалку од шампионот Оклахома кој е лидер на западот. Денвер и ЛА Лејкес се зад нив со девет победи помалку од Спарси.




































