НБА лигата официјално го суспендираше Лука Дончиќ на еден натпревар без паричен надомест.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја доби својата 16-та техничка грешка оваа сезона. Инцидентот се случи за време на победата над Бруклин од 116-99 во петокот вечерта. Дончиќ беше казнет со техничка грешка во третата четвртина од овој натпревар. Најдобриот стрелец во лигата го заврши дуелот против Нетс со вкупно 41 постигнат поен.
Според правилата на НБА, 16 технички грешки значат автоматска суспензија за еден натпревар. Словенецот нема да настапи на средбата против Вашингтон Визардс која се игра во понеделник.
Секоја наредна втора техничка грешка ќе му донесе на кошаркарот нова дополнителна суспензија.
Ова е голем удар за Лејкерси пред натпреварот пред домашната публика во Лос Анџелес.
Дончиќ веќе еднаш беше во ваква ситуација, минатата недела, за вербалниот инцидент со Гога Битадзе од Орландо. Но откако Лејкерски се жалеа одлуката за суспензија беше поништена.

































