Познати се првите две екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот во првенството на Македонија за одбојкарки. Тоа се двете првопласирани екишпи од лигашпкиот дел на сезоната Наковски Волеј и Младост УГД.
Наковски Волеј со две максимални победи над градскиот ривал Струмица жени ја потврди својата доминација и сигурно стигна до „четворката“. Во вториот меч тимот на Наковски славеше со Струмица 3:0 по сетови 25:16, 25:23 и 26:24.
Младост УГД мораше да се потруди многу повеќе. По голема борба и по пет сета, штипјанки го елиминираа Вардар ЕМ, освојувачот на Купот. Гостинките од Скопје ги добија првиот и четвртиот сет, а штипјанки, вториот и третиот (20:25, 27:25, 25:11, 23:25). Во решавачкиот трет сет (тај-брејкот) домашните одбојкарки на Младост УГД одигра поконцентрирано. Го добија сетот со 15:11 стигнаа до 3:2 и втора победа во серијата, за пласман во полуфиналето.
Бранителот на титулата Јанта Волеј исто така влезе сигурно во четвртфиналната серија со победа од 3:1 на гости кај дебитантот Газели Волеј. Иако „Газелите“ понудија силен отпор, искуството на шампионот се покажа како пресудно. Вториот меч е закажан за во среда.
Во среда ќе се игра и дуелот во Скопје во кој ланскиот финалист, Работнички ќе има предност од 1:0 во мечевите со Пелистер. Ова откако, скопјанки денеска славеа со 3:1 на гостувањето кај во Битола. Тие во среда, пред својата публика во Скопје, ќе „сервираат“ за полуфинале.



































