Никола Јокиќ одигра уште една партија за паметење и го предводеше Денвер до спектакуларен пресврт и победа над Портланд од 137-132 по продолжение.
Нагетси се вратија од негатива од 20 поени, а српскиот центар блесна со нов трипл-дабл, 33-ти сезонава. Тој постигна 35 поени на кои додаде по 13 скокови и асистенции.
Арон Гордон постигна важна тројка за израмнување во финишот на регуларниот дел, завршувајќи го мечот со 23 поени и девет скока. Џамал Мареј додаде 20 поени, од кои седум беа постигнати во продолжението за потврда на големиот триумф на гостински терен.
Кај Портланд најефикасен беше Тумани Камара со 30 поени, додека Дени Авдија запиша 26 поени.
Со овој триумф, деветти во низа Денвер се искачи на третата позиција на Западот, прескокнувајќи ги ЛА Лејкерси.




































