Последниот натпреварувачки ден на ЕМОФ „Скопје 2025“ барем засега не носи ништо поразлично од претходните. Ова кога во прашање се екипните спротиви, во случајот ракометот.

Двете млади макеоднски селекции со порази го завршија својот настап и на крајот како последни.

Во натпреварите за седмото место двете македонски селекции (машки и женски) се поразени од селекциите на Норвешка.

Девојчињата загубија со 22-31, а момчињата со 31-37. Така Македонија двата ракометни турнири ги заврши како последно рангирана осма.

ЕМОФ | FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА