Македонија, односно главниот град Скопје ќе биде домаќини на големо светско ракометно натпреварување.
На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за ракометари до 21 година што ќе се одржи во 2027-ма.
На Мундијалот ќе настапат најдобрите млади ракометари од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе може да го покаже своето гостопримство.
„Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.
Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, велат од РФМ.
Светското првенство ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули во 2027 година.



































