Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ попладнево ќе го игра првиот натпревар од полу-финалето во АБА2 лигата. ТФТ гостува во Никшиќ, кај црногорската екипа на Сутјеска.
Тимот од скопската населба Тафталиџе веќе испиша ново поглавје во клупската историја со пласманот во разигрувањето и минувањето на првата рунда. Секако амбициите на тимот предводен од тренерот Боро Смилковски не запираат овде.
Но, свесни се во таборот на ТФТ дека задачата нема да биде ни малку лесна во дуелот со квалитетниот состав на Сутјеска.
„Не очекува тежок натпревар против екипата на Сутјеска, екипа која по самата организациска структура, квалитет и игра навистина покажува сериозна амбиција за пласман во АБА 1 лигата. Неколку озбилни засилувања пред почетокот на плеј-фот само го потврдуваат тоа.
Мораме да бидеме енергетски и физики присутни во обидот на одговориме на нивната агресивност и игра со доста контакт во текот на целиот натпревар. Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи, растеретени од резултатски императив ќе го дадеме својот максимум во обидот да продолжиме да ја пишуваме клупската историја“, вели тренери Смилковски.
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари. Првиот, денешниот стартува во 18 часот, а реваншот во Скопје ќе се игра на 15 април. Евентуалната мајсторка, пак би де играла во Никшиќ на 22 април.



































