Во НБА лигата ноќеска се одиграа осим натпревари, а ги одбележаа трие индивидуални настапи на кошаркарите на Сан Антонио и Денвер. Вечерта мина во знакот на Виктор Вембањама, Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Французинот, Вембањама повторно блесна со 41 поен, 18 скока и три блокади. Тој постигна 10 од првите 14 поени на Спарс. Сан Антонио ја продолжи својата победничка серија на 10 натпревари со триумф над Голден Стејт 127-113.
Victor Wembanyama vs. Golden State Warriors 4/1/2026
— NBA Shooting Audit (@NBAShotAudit) April 2, 2026
41 PTS | 16-22 FG | W 127-113 pic.twitter.com/qzLNr31pAl
Денвер Нагетс ја оствари седмата победа во низа совладувајќи ја Јута со 130-117.
Јокиќ беше маестрален со нов трипл-дабл, петти во последните шест натпревари. Тој заврши со 17 скока, 15 поени и 12 асистенции. Денвер ја запиша седмата победа по ред со убедливи 130-117 против Јута.
Мареј ја запали публиката со 10 тројки и вкупно 37 поени. Неговата тројка од половина терен во првата четвртина беше момент на вечерта.
AND NOW THIS AT THE END OF Q1 🤯
— NBA (@NBA) April 2, 2026
FROM BEYOND HALF-COURT! https://t.co/Kc73dQ0OSf pic.twitter.com/ccNl36JqXt
Резултати:
Орландо – Атланта 101:130
Вашингтон – Филаделфија 131:153
Мајами – Бостон 129:147
Чикаго – Индијана 126:145
Хјустон – Милвоки 119:113
Мемфис – Њујорк 119:130
Торонто – Сакраменто 115:123
Јута – Денвер 117:130
Голден Стејт – Сан Антонио 113:127




































