Откако потпушти еден натпревар поради суспензија, Лука Дончиќ се врати во тимот на ЛА Лејкерс со нов брилијантен настап.
Словенецот оствари дабл-дабл во победата на Лејкерси против Кливленд со 127-113. Дончиќ постигна 42 поени на кои додаде 12 асистенции, а имаше и пет асистенции. За Лука тоа беше 16-ти натпревар со најмалку 40 поени оваа сезона.
Остин Ривс постигна 19, а Деандре Ајтон додаде 18 поени со девет скока.
Лејкерси ја продолжија победничката серија која сега изнесува четири во низа, а вкупно 12 победи на последните 13 натпревари.


































