Актуелниот НБА шампион Оклахома Сити Тандер остварија убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс со 139-96.

Тандер ја презедоа контролата уште во првата четвртина со 44 поени. Нивната одбрана ги ограничи Лејкерс на само 21 поен во првиот период. До полувремето предноста на домашните веќе изнесуваше огромни 31 поен.

Шеј Гилгиус-Александер го предводеше победничкиот тим со постигнати 28 поени.

Ова беше еден од најтешките порази во историјата на Лејкерс. Но, она што е поважно првиот стрелец на Лејкерси, Лука Дончиќ предвреме, во третиот квартал, го заврши натпреварот. Словенецот заработи повреда на задната ложа.