Ракометарите на Вардар и официјално го дознаа својот следен противник во четвртфиналето од Лигата на Европа. Тоа е францускиот гигант Монпелје, кој обезбеди пласман по двомечот со норвешки Елверум.
Иако Елверум славеше во реваншот со 35-31, но високата победа на Монпелје од првиот меч беше пресудна, кога Французите триумфираа на домашен терен со убедливи 36-24.
Македонскиот шампион сега може целосно да се фокусира на подготовките за овој исклучително важен меѓународен дуел. Првиот натпревар, од четвртфиналната фаза, Вардар ќе гои игра на теренот на противникот, а предвиден е за 28 април.
Покрај дуелот на Вардар, во оваа фаза се среќаваат Нексе против Кил и Мелсунген против екипата на Порто. Последниот четвртфинален пар го сочинуваат германските ривали Фленсбург и Хановер.
Реванш средбите ќе се одиграат на 5 мај, кога ќе бидат познати патниците на завршниот турнир. Најдобрите четири екипи ќе се борат за титулата на 30 и 31 мај во Хамбург.




































