Фудбалерите на Арсенал со минимална предност се враќаат од гостувањето кај португалскиот првак Спортинг во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите.
На натпреварот во Лисабон, каде Спортинг го пречека Арсенал, заврши со минимална победа на „топчиите“ со 0-1.

Англискиот тим беше оној кој создаде повеќе шанси за гол. Тимот на Арсенал, во два наврати ја затресе мрежата на противникот. Сепак првиот гол беше поништен поради офсајд.
А, како и лани на истиот терен, така и сега Хаверц и Мартинели беа во фокусот на вниманието. Токмо по акцијата на овој тандем, во судиското дополнение (90+1), Каи Хаверц конечни успеа да го скрши отпорот на домашниот тим.
Затоа во Лондон реваншот во среда (15 април) ќе почне од „нула“.
Утревечер (21 часот) ќе се играат нови два меча. Тоа ќе бидат првите четвртфинални соочувања на европскиот првак ПСЖ и англискиот Ливерпул, односно шпанското дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.




































