Куманово е во улога на домаќин на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија.
Предноста на домашниот терен и поддршката од пубчликата ќе бидат од големо значлење за кумановци кои имаат амбиции да стигнат до трофејот.
Но, прво ќе треба да се мине четвртфиналниот предизвик, а тоа е екипата на битолски Пелистер.
Шефот на стручниот штаб Марин Докузовски, популарниот „доктор“ јасно му е дека публиката ќе биде адут плус за неговиот тим.
„Ние сме домаќини и се надевам дека со помош на верната публика, иако притисокот ќе биде на наша страна, ќе имаме адут од публиката.
Сакаме да победиме уште во првиот натпревар, а што ќе биде понатаму ќе видиме“, вели Докузовски.
Играчот на МКК Куманово, Ѓорѓи Ѓорѓиевски чувствува дополнителна мотивација.
„Купот се игра во нашата сала, во нашиот град, пред нашата публика. Тоа ни дава екстра мотивација. Ние сме спремни, фокусирани.
Ја повикувам публиката да биде наш шести играч, а ние ветуваме дека ќе се бориме да дојдеме до посакуваната цел“, посака Ѓорѓиевски.
Но, секако се прашуваат и пелистерци кои имаат свои адути. На спротивната страна на „докторот„ е вели професорот по кошарка и тренер на Пелистер, Борче Даскаловски кој најавува борба до последна секунда.
„Пред нас е еден тежок натпревар во кој играме против домаќинот, тим кој што е составен од одлични индивидуалци, врвен тренер и голема поддршка од навивачите, што за нас ќе биде голем предизвик.
Она кое можам да го ветам на нашите навивачи е дека ќе се бориме до последна секунда“, истакна Даскаловски.
Дамјан Крстевски ќе ги чека своите минути на средбата со кумановските „сино-бели“:
„Ни следи тежок натпревар против Куманово на нивни терен. Знаеме каква публика има овде и каква е таа енергија.
Мислам дека сме добро подготвени, ќе дадеме се од себе и очекувам да бидеме победници на крајот“, изјави Крстевски.
Утрешниот дуел меѓу Куманово и Пелистер ќе биде последниот од четвртфиналната програма , а ќе се игра од 19.30 часот





































