Три нови натпревари носи денешниот ден во машката кошаркарска Супер лига. На програмата се дуели во Куманово, Битола и Скопје, а во рамките од претпоследното 21.коло.
Разбирливо најголемо внимание ќе привлече натпреварот во Скопје, односно СЦ „Јане Сандански“, оној последниот од денешната програма.
Во него ќе играат актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром и најтрофејниот Работнички. Двата бода од овој натпревар се од голема важност за двете екипи.
Аеродромци се во трка со ТФТ за врвот на табелата, а Работнички брка плеј-оф. МЗТ заостанува една победа зад тимот од Тафталиџе, во борбата за првото место, кое ќе носи предност на домашен терен во плеј-офот.
Работнички, кој е дури 10пти на табелата, мора да победи, за да остане во игра за позициите што водат во плеј-офот.
На другите два дуели важни натпревари ги чекаат уште три од четирите екипи. Единствено Пелистер кој е трет на табелата, не може ниту погоре, ниту подолу од таа позиција. Затоа пак, Куманово, Кожув и Тиквеш, сеуште се неизвесни за плеј-офот. Во мала предност се гевгеличани кои имаат две победи од конкурентите, па со евентуален успех во Куманово ќе го „запечатат“ своето место во разигрувањето.
Сите натпревари од денешната програма може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 👇👇👇
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 21 КОЛО
Недела
18.00 КУМАНОВО – КОЖУВ
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
19.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
Петок
ТФТ – ГОСТИВАР 87-82
Сабота
ФЕНИКС – МАЏАРИ 72-82
АНГЕЛИ – ЧАИР 78-85

































