Kошаркарските суперлигаши се прeд самиот крај на првиот дел од сезоната. Останува да се одигра само уште една рунда во оваа фаза.
Сите натпревари од последното 22.коло ќе се играат во исто време, во недела 6 април.
Познато е одамна дека екипите на ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер ќе продолжат во последната фаза за разигрувањето за шампионскиот трофеј, односно фазата ТОП-6.
Тимовите на Маџари, Кожув со победа повеќе (11-10), од Куманово, Тиквеш и Чаир (10-11) влегуваат во нелните дуели. Така Маџари и Кожув со евентуални победи, ќе го потврдат својот пласман во плејоф конкуренцијата. Нивни „киксови“ ќе чекаат останатите три тима за да вбројот меѓу шесте најдобри.
Екипите на Работички и Феникс исто така ќе бркаат победи, за подобра стартна позиција во разигрувањето за опстанок, во кое ќе бидат и Гостивар и Ангели.
Сите натпревар од последното 22.коло во недела ќе почнат од 18 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖОВО ОВДЕ 👇👇👇
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – последно 22 КОЛО
Недела 18 часот
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТИКВЕШ
КУМАНОВО – ТФТ
МАЏАРИ – ЧАИР
АНГЕЛИ – КОЖУВ
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ

































