Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.

На денешното во машка конкуренција односно АТП листата и натаму на првата позиција е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер ја започна 419-та недела на врвот или веќе цели осум години.

Промена има на втората позиција на која сега е Италијанецот, Јаник Синер. Со триумфот во Мајами, Синер го симна од втората позиција Карлос Алкараз кој сега е трет.

По нив следуваат: Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Каспер Руд.

Финалистот на Мајами, Бугаринот, Григор Димитров влезе во Топ 10 и сега е деветти, а ТОП 10 листата ја заокружува Полјакот, Хуберт Хуркач.